"Општествената одговорност често се гледа во многу тесна рамка. Ние веруваме дека тоа е многу поширок концепт кој има влијание во секоја пора од општеството како целина. Затоа општествената одговорност се дефинира како одговорно работење на компанијата преку кое треба да се зголеми додадената вредност на општеството во поширока смисла, пред сè преку дејствувањето на субјектот да се избегне штетата врз поединци во општеството ", - изјави Лука Новак, оперативен директор на Блажич Робни Тракови Љубљана за словенечкото списание "Дневник".
Својата општествена одговорност компанијата Блажич ја исполнува преку грантови за поддршка на голем број проекти во хуманитарни, образовни и здравствени цели, како и со донации за помош на спортисти и на различни локални заедници.